myLUA care
Како да се грижите за Вашите myLUA парчиња?
Сите myLUA парчиња се изработени од квалитетно 925 сребро и позлата од 14к или 18к злато.
Позлата е процес кога тенок слој злато се поставува на површината на различен материјал. Целиот наш накит е позлатен на основа на 925 сребро.
Бидејќи станува збор за тенок слој од злато, треба да се внимава да се задржи бојата што подолго.


Совети за грижа за Вашиот накит:
- Исчистете го накитот со памук или многу мека крпа (препорачливо 100% памук) за да ги отстранете сите прашини и нечистотии што ги стекнал при употреба и со тоа да се врати првобитниот сјај на накитот.
- По носењето, накитот чувајте го во кутијата за да се избегнат гребнатини при контакт со друг накит и метали.
- Не прскајте парфем или други спрејови директно на накитот. Носете го вашиот накит откако ќе го испрскате омилениот парфем, така што хемикалиите на спрејот или парфемот нема да го оштетат накитот.
- Отстранете го накитот пред пливање, капење или вежбање.
- Доколку користите крема од сулфур или други производи кои содржат сулфур, извадете го накиот пред нанесување и за време на користење производи кои содржат сулфур. Сулфурот предизвикува хемиска реакција која го оксидира и потемнува среброто.
- Во случај накитот да оксидира поради хемиска реакција, потопете го со топла вода во сода бикарбона и сол, и оставете го 10 минути да мирува во растворената течност. После тоа, со четка за заби нежно тријте на потемнетите места додека накитот да се исчисти и со тоа да се врати првобитниот сјај на накитот.
*Внимание! Чистењето на позлатениот накит со овој метод може да ја извади позлатата, затоа избегнувајте стварање на хемиски реакции и грижете се добро за Вашиот накит. Избледувањето на позлатата не може да биде предмет на рекламација.