myLUA Jewelry logo black

Политика на приватност

Овие Услови ќе се применуваат целосно и влијаат на вашата употреба на оваа веб-страница. Користејќи ја оваа веб-страница, се согласивте да ги прифатите сите правила и услови напишани овде.

 

Лични информации

За успешно да ја обработиме Вашата нарачка, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и телефонски број за контакт. Со овие податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во зависност од активноста која сте ја одбрале некои податоци се задолжителни и доколку не ги внесете тие податоци нема да ви биде дозволено да ја извршите таа активност.

Во име на компанијата Георгиев Груп ДООЕЛ Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

 

Откривање на вашите информации

Ние нема да ги откриваме, споделиме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица.

Ние може да ги споделуваме вашите податоци со овластени Бизнис провајдери кои извршуваат функции во наше име. Тие активности можат да бидат  анализирање на податоци, работење на веб сајтот, решавање на проблеми, обезбедување на служба за корисници, организирање маркетинг активности, доделување купони за бесплатна достава и сл. Кога правите нарачка, податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот систем на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје со цел да се потврди плаќањето. На тој начин имаме увид дали трансакцијата е реализирана за да можеме да ја пуштиме во систем вашата нарачка и истата да ја испорачаме. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со Закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб страница.

 

Безбедност

Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, уништување и оштетување. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на веб-сајтот. Ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Иако ние преземаме чекори за заштита на вашите информации, ние не може да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци кои се пренесуваат на веб-сајтот, секој пренос е на ваш сопствен ризик.

 

Промена на вашите лични податоци

Со успешна најава на вашиот профил можете да ги промените вашите податоци кои претходно сте ги внеле при првата регистрација. Доколку сакате да го користите вашиот профил со друга емаил адреса, ќе мора да креирате нов профил со новата емаил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на contact@shopmylua.com. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци се додека профилот е активен. При електронско плаќање на вашите нарачки доколку одберете зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот и пребарувачот преку кој се логирате, истите ќе бидат зачувани само на тој уред од кој сте се логирале и ние немаме апсолутно никаков пристап до истите.

 

Cookies (колачиња)

www.shopmylua.com користи „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Една од основните намени на „cookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Доколку ја посетете нашата страница за најавување, Ние ќе поставиме привремено колаче (cookies) за да утврдиме дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Тоа колаче не содржи лични инфформации и ќе биде отфрлено кога ќе го затворете вашиот прелистувач. Кога се најавувате, Ние поставуваме неколку колачиња за да ги зачуваме вашите информации за најава и избор на екран(страница). Колачињата за најавување траат 2 дена, а колачињата за опции за екран траат 1 година. Доколку ја изберете опцијата „Запомни ме”, вашето најавување ќе трае две недели. Доколку се одјавите од вашата сметка, колачињата се најава се отстрануваат.

 

Согласност и промена на условите

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. www.shopmylua.com се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница.

Повремено можно е менување на нашите услуги. Поради тоа го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката за приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.

 

Контакт

Во секое време ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност, можете да не контактирате онлајн на contact@shopmylua.com.

TOP

Моја кошничка 0

Логирај се

Регистрирај се

Вашите лични податоци ќе се користат за поддршка на вашето искуство на целата веб-страница, за управување со пристапот до вашиот профил и за други цели опишани во нашата Политика на приватност.

Ресетирај лозинка

Изгубена лозинка? Внесете го вашето корисничко име или емаил. Ќе добиете линк на вашиот емаил за креирање на нова лозинка.