Услови за користење
Услови за користење на интернет продавницата shopmylua.com
Ве молиме, внимателно прочитајте ги условите објавени во овој документ. Користењето на оваа веб-страница значи прифаќање на условите наведени во овој текст.
Секоја посета на нашиот сајт како и купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и целосно се согласувате со истите.
Во рамките на оваа веб-страница, користењето на зборовите ние, наш, наши, наша и myLUA, се однесува на компанијата ГЕОРГИЕВ ГРУП ДООЕЛ Скопје, со адреса на ул. Христо Татарчев бр. 47з-1/36, ЕМБС 7464878, ЕДБ 4058020536988, со приоритетна дејност Трговија на мало преку пошта и интернет.
„Вие“ се однесува на која било личност која пристапува кон оваа веб-страница.
Продавањето производи на оваа веб-страница се одвива во рамиките на регистрираното друштво ГЕОРГИЕВ ГРУП ДООЕЛ Скопје, со адреса на ул. Христо Татарчев бр. 47з-1/36, ЕМБС 7464878, ЕДБ 4058020536988, контакт телефон +38922744988 и емаил адреса за контакт contact@shopmylua.com.
Оваа веб-страница се користи со цел претставување и продажба на производи, најава за myLUA активности, промоции и нудење услуги на корисниците. Линковите содржани на сајтот кои водат до независни сајтови не се под наша контрола и не одговараме за нивните содржини. Прикажани се само за да ви помогнат и да ви ја олесни работата.
При купување на производите од myLUA, вие сте должни да ја платите цената што важела при креирањето на нарачката.
Производите што ги купуваte преку веб-страницата www.shopmylua.com, Вие може да ги платите во готовина во моментот на испорака или електронски со платежна картичка при креирање на самата нарачка.
Бесплатна достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 2000 ден. За нарачки чија вредност е помала од 2000 ден. доставата изнесува 120 ден.
Купените производи ги доставуваме во рок од 2 до 5 работни дена по пат на курирската служба.
Доколку во моментот на прием на производите, Вие утврдите дека производот сакате да го замените за друг производ или не сакате да го задржите истиот, Вие може да го замени производот во рок од 7 дена како што е дефинирано овде.
myLUA има авторско право на сите содржини (текстуални, визуелни, видео и аудио материјали, бази на податоци, програмски код). Неовластеното користење на било кој дел на порталот, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи на законски мерки.
Содржината на веб-сајтот ја сочинуваат исклучиво информации од општа природа, кои не се наменети за решавање на специфични ситуации или за некоја конкретна особа или идентитет, и кои не претставуваат професионален совет.
Иако правиме напори да обезбедиме точност и комплетност на информациите на оваа веб-страница, ние не сме одговорни ако информациите, што се дадени на располагање на оваа веб-страница, се неточни или нецелосни, како и гаранција на непрекинато работење, безбедност или отсуство на грешки.
Вие ги користите и ги прифаќате материјалите и информациите на оваа веб-страница на Ваш сопствен ризик.
Вие го прифаќате фактот дека постои можност за прекин на услугите во одредени ситуации или проблеми поврзани со настани кои се надвор од наша контрола и ние не одговараме за било каква загуба на податоци или грешки кои можат да настанат за време на користење на интернет пренос на податоци.
Вие сте лично одговорни за доверливо чување на своите лозинки и заштита на своите приватни податоци при користење на веб-страницата. Крајниот корисник се согласува со фактот дека пристапот кон интернет понекогаш може да биде повремено недостапен, ненадејно прекинат или исклучен.
Ние може да ја смени содржината на овој сајт или производите и цените наведени на сајтот без претходна најава и известување.
Ние го задржува правото во секое време да вршиме промена на содржината на оваа веб-страница или да го прекинеме пристапот кон податоци без никакви ограничувања и користење на овој веб сајт на неопределено време без обврзување за предходна најава и образложение.
Во максимален степен дозволен со Закон, Ние на овој сајт ниту во еден случај нема да бидат одговорни за било каква штета (директна, индиректна, случајна, последична, посебна штета, или таква која се создава при губање на профилот, губење на податоците или прекин на работниот процес) која се создава како последица на употребата.
Вие не смеете да ја користите оваа веб-страница за да пренесување или објави на информации и материјали кои на било кој начин ги кршат правата на другите, имаат заканувачка природа или се на било кој начин во спротивност со законот, поттикнуваат на незаконски активности, омраза на национална или религиозна определба, вулгарна или недолична содржина или да вршите дискриминација.
Вие не смеете да ја користите оваа веб-страница за пренесување или објавување информации поврзани со рекламирање, со религиозна определба или политичко убедување.
Било какво копирање и дистрибуција на податоци, како и поврзување или менување на веб страната и на податоците од веб страната е најстрого забрането.
За да ви биде овозможено купување преку нашата веб-страница морате да бидете регистриран корисник. Процесот за регистрација е едноставен и од вас бара само основни лични податоци.
Веб-страницата www.shopmylua.com ви нуди преглед на сите производи што сакате да ги купите. Во полето означено како “кошничка” во горниот десен агол се пристапува до сите производи избрани од ваша страна и подготвени за купување. Можете лесно да ги избришете ставките од кошничката или да го зголемите бројот на саканите производи. Повеќе инфомрации за тоа како да направите нарачка на посакуваните производи можете да прочитате овде.
За сите дополнителни прашања можете да не контактирате во секое време на нашата емаил адреса: contact@shopmylua.com